Избор Охрид

На Стража забрана за движење на тешки моторни возила

Охрид, 3. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – На патниот правец Гостивар-Кичево, на планинскиот премин Стража утрово има забрана за тешки моторни возила поради врнежи на снег, информираат од АМСМ.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на патниот правец Маврово – Дебар – Струга, каде е можна почеста појава на одрони. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави