Избор Охрид Спорт

СРЦ „Билјанини извори“ доби вредна донација од ФФМ

Охрид, 15. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – ЈП „Билјанини извори“ прими вредна донација од Фудбалска федерација на Република Македонија и ги продолжи активностите за реконструкција и обнова на инфраструктурата на Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“.

– Станува збор за донација од 1.700 нови столчиња, наменети за замена на искршените и стари столчиња на трибината на Градскиот стадион „Билјанини извори“. Со реконструкцијата на сооблекувалните и новите столчиња, ЈП „Билјанини извори“ продолжува да се ангажира во насока на подобрување на условите за спортските екипи и рекреативци корисници на нашата спортска инфраструктура, информираат од ЈП „Билјанини извори“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука