Ученици од охридската гимназија со признание за танцот против говор на омраза
Охрид, 3. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на проектот „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза“, ОСУ „Св. Климент Охридски“ учествуваше со танцувачка точка на која настапија 20-тина ученици од охридската гимназија.
На конкурсот „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза”, идејата на учениците на охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ за изведба на флеш моб – јавниот перформанс е наградена и избрана за реализација. Се работи за проект во организација на Македонскиот институт за медиуми и покровителство на британска амбасада.
Проектот е наменет за подигнување на јавната свест за говорот на омраза, а идејата е учениците преку танц на градскиот плоштад да испратат позитивна порака против говорот на омраза. Кореографијата на танцот е на Кате Бујароскам а настанот се реализира со поддршка на Општина Охрид и Лабино продукција.
За својот придонес во проектот гимназијата доби признание од Македонскиот институт за медиуми и Британскиот амбасадор , неговата екселенција Чарлс Гарет. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |