Избор Свет

Путин на чело на Руската федерација и во наредните шест години

Москва, 19. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со големо мнозинство гласови добиени на вчерашните избори, актуелниот претседател на Руската Федерација Владимир Путин (66) и во следните шест години ќе остане на таа функција.

Путин освои гласови од 76,67 отсто гласачи и им се заблагодари на граѓаните за поддршката што му ја дадоа нагласувајќи дека во таа поддршка гледа доверба од граѓаните и надеж за понатамошен развој на државата.

Ги повика грѓаните на Русија да го задржат единството.

На второ место е Павел Грудинин, кандидат на Комунистичката партија со освоени 11,82 отсто гласови, а лидерот на Либерално демократската партија Владимир Жириновски е на трето место со 5,68 отсто освоени гласови, според 99,8 отсто преброени ливчиња.

Избирачката активност беше 67,4 отсто според Централната изборна комисија. На претходните таа беше 64 отсто.

Новиот мандат на најголемата држава во светот го освои во време кога односите на Русија со Западот се на „непријателска патека“.

Со победата, Путин на чело на државата ќе биде речиси четврт век, до 2024 година кога ќе има 71 година. (Крај)

извор: Локално фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука