Избор Охрид

Одлични резултати постигнаа основци од „Григор Прличев“ на натпревари по германски јазик, математика и физика

Охрид, 19. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ОУ „Григор Прличев“ постигнаа одлични резултати на натпревари по германски јазик и математика-физика, кои викендов се одржаа во Скопје и Струга.

На натпреварот по германски јазик што се одржа на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, прво место освои Јана Петреска (IX 3 одд), додека второпласирана беше Викторија Аврамоска (IX 2 одд). Ментор беше професорката Моника Герасимоска. Како најдобри од овој регион, нашите ученици обезбедија учество на државниот натпревар.

Во Струга пак, во училиштето „Јахја Кемал” се одржа натпреварот по математика-физика за добивање стипендија. Во конкуренција од 140 ученици, основците од „Григор Прличев“ постигнаа високи резултати. Петар Мишов (IX-1 одд) го освои првото место и се здоби со стипендија 90 % попуст од годишната школарина за сите четири години при упис во ПСУ „Јахја Кемал”. Ученичката Анастасија Стојаноска (IX-3 одд) во категоријата за физика беше трето пласирана.

Меѓу најдобрите топ 20 се пласираа и учениците Елена Бакреска, Ева Љушеска, Ристе Ристески и Јана Ангелоска Учениците се подготвуваа под менторство на наставничката по физика Славица Јолакоска Таштаноска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави