Избор Охрид

80-на пријави за штети од невремето, општинската комисија на терен врши проценка

Охрид, 21. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од 80 пријави за штети предизвикани од саботното невреме во Охрид биле поднесени до општинската комисија за проценка на штети.

Членовите на комисијата и денеска се на терен и вршат проценка на пријавените оштетувања. Во најголем дел настрадаа платформите и летните тераси на кафулињата и рестораните на потегот од градското пристаниште до Канео. Има и пријави за оштетени автомобили и оштетени крвни конструкции. „По проценките, ќе биде изработен елаборат, кој понатаму ќе биде проселеден до Советот на општина Охрид“, вели претседателот на комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди, Радован Велјаноски.

– Откако ќе биде разгледан и по него ќе одлучуваат советниците, елаборатот ќе се испрати до Републичката комисија за проценка на штети. Крајната одлука колкаво ќе биде обештетувањето е на оваа комисија, односно на Владата, истакна Велјановски.

Во саботата регионот на Охрид беше зафатен од големо невреме. Силниот ветар, кој дуваше со брзина од над 90 километри на час, предизвика штета на повеќе места на крајбрежјето на охридското крајбрежје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави