Избор Охрид

Езерото на +18 од највисоката кота, кај Струга отворени само две порти на истекот во Црн Дрим

Охрид, 23. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – И покрај тоа што Охридското Езеро во моментов е на 693,93 метри надморска височина, односно на 18 сантиметри над максималната граница, нормативно утврдена на 693,75 метри, денес на истекот на езерото во реката Црн Дрим се отворени само две порти.

Тони Маркоски, раководител на сектор во ХЕС Црн Дрим, неодамна истакна дека максималниот испуст што може да се направи од езерото е 75 метри кубни во секунда, што значи дека во моментов се испуштаат 20-30% од таа вредност. Деновиве во Охридското Езеро има прилив од 140 метри кубни во секунда вода или на дневно ниво водостојот на езерото расте за два до четири сантиметри. Како што истакна Маркоски, веќе месец и пол двете хидроцентрали на ХЕС Црн Дрим, ХЕЦ Глобочица и ХЕЦ Шпилје работат со полн капацитет и го испуштаат максималното дозволеното ниво на вода што може да пројде низ турбините, а за да се испушти вода низ прелицните испусти потребна е дозвола од Министерстовто за животна средина и другите надлежни органи.

– Улогата на ХЕС Црн Дрим е да го регулира нивото на води и да балансира меѓу нивото на Охридското Езеро, но и нивото на Црн Дрим кое може да предизвика поплави во Струшко поле и во селата покрај реката. До 1965 година Охридското Езеро воопшто не беше регулирано, а откако почна регулацијата е спречено поплавувањето, рече Маркоски.

malopristaniste1Според метеоролозите времето денес ќе биде облачно со повремени врнежи со слаб до умерен интензитет, во јужната половина претежно од дожд, во северната од снег. Повеќе врнежи ќе има во попладневните часови и тогаш речиси насекаде ќе бидат од снег, освен на југоистокот. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 6. степени.

– Денес се` уште ќе има повремени врнежи со слаб до умерен интензитет, во јужната половина претежно од дожд, во северната од снег. Повеќе врнежи ќе има во попладневните часови и речиси насекаде ќе бидат од снег. В сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. В сабота и в недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула. Постепено затоплување со повремени врнежи од дожд ќе има од недела попладне, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави