Економија Избор Охрид

Оштетена и запуштена фонтаната на плоштадот кај Чинарот (Фото)

Охрид, 24. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Годините, временските прилики и несоодветното одржување направија фонтаната на плоштадот „Крушевска Република“ да прерасне во бледа слика на оригиналната замисла за уредување на овој простор на градот.

Оштетена, со паднати мермерни плочи, деновиве претставува лоша слика за охриѓани, но и бројните туристи и екскурзијанти, пред кои е непријатна слика.

fontanaohrid2Овој дел на градот со помала интервенција и претходен детален план може да добие сосема ново лице и да претставува уште едно прекрасно место за прошетки, но и организација на разни манифестации од јавен карактер. Секако за тоа е потребна јавна и стручна дебата, на која експерти во својата област ќе дадат предлози за уредување на овој дел на Охрид, се` со цел да добиеме уште едно место со корисен и уреден простор, кој ќе биде вистинска атракција за охриѓани и гостите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави