Охрид, 26. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – По Струга, делата од изложбата „Москва денес“ вечерва ќе бидат претставени и пред охриѓани.
Ќе бидат претставени официјалните фотоматеријали доставени од Москва, а изложбата го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина.Ќе бидат претставени реномирани знаменитости по коишто е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови на земјата.
Отворањето е закажано за 18:00 часот во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“.
Изложбата е поддржана од Амбасадата на Руската федерација во земјава, Почесниот конзулат во Охрид, Музејот на град Скопје и охридскиот Завод и музеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива