Избор Спорт

Голманот на Охрид, Благојче Трајкоски најдобар ракометар во Супер машката лига

Охрид, 29. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Голманот на Охрид, Благојче Трајкоски ги доби максималните 15 гласа во изборот за најдобар ракометар во регуларниот дел од Супер машката лига за сезоната 2017/2018.

Тој имаше најмногу гласови во трите категории така што немаше конкуренција и сосема заслужено се наоѓа пред своите колеги од тимовите на Радовиш, Металург, Пелистер и Пролет.

Трајкоски доби 15 гласа, зад него со 10 остана голманот на Пелистер, Милош Рајичиќ, а потоа следуваа Никола Даниловски (Металург) и Стефан Кимевски (Пролет) со осум и Славјан Паунов од Радовиш со четири гласа. (Крај)

извор: 24rakomet.mk фото: 24rakomet.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави