Економија Избор Охрид

Новинари, Дџ-и, водители, графички и веб дизајнери – Бидете дел од тимот на Супер радио

Охрид, 29. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Супер радио, водечката локална радио станица во овој дел на државата има потреба од новинари, Дџ-и, водители, графички и веб дизајнери.

– Бидете дел од тимот кој постави нови стандарди во регионот на современ и модерен аудио и видео израз и маркетинг кампањи. Зад нас се сериозни проекти, а заедно ќе ги оствариме оние кои се пред нас. Доколку сте амбициозни, позитивни и сакате тимска работа, пријавете се, информираат од Супер радио.

Сите заинтересирани да испратат биографија (CV), најдоцна до понеделник, 16.04.2018 година на superradio@superradio.com.mk. (Крај)

извор: Супер радио фото: Супер радио

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави