Премиерлигашите исплатиле рекордна провизија во претходните два преодни рока
Лондон, 6. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Клубовите од Премиерлигата во последните два преодни рока, минатото лето и оваа зима, потрошиле 211 милиони фунти на провизија за менаџерите на ново ангажираните фудбалери.Оваа сума претставува повишување за 20% за разлика од минатата сезона.
Најмногу исплатил Ливерпул, 26,79 милиони, па Челзи им платил на менаџерите 25,14 додека на третата позиција е Манчестер Сити со сума до 23,48 милиони фунти.
Kлубовите од Премиер лигата беа рекордери по инвестираните средства на пазарот во двата преодни рока. (Крај)
извор: Гол.мк фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |