Избор Охрид Хроника

Тепачка и пукање од огнено оружје синоќа во Охрид

Охрид, 4. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Доцна синоќа во Охрид се случил инцидент, при што група на млади луѓе го нарушиле јавниот ред и мир.

Групата млади, кои учествувале во тепачката била составена од најмалку 6 лица.

На тепачката и’ предходеле вербални препукувања меѓу учесниците, кои според очевидци, биле во алкохолизирана состојба. Тепачката се случила во еден од ноќните локали во Охрид, каде биле фрлани предмети од ситниот инвентар на локалот, чаши и сл. Инцидентот неофицијално се случил нешто по полноќ.

Подоцна, во текот на ноќта, имало и пукање од огнено оружје на улицата каде живеело едно од лицата.

Ова се засега првични информации, а повеќе детали за разрешување на случајот се очекуваат во текот на денешниот ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука