Избор Охрид

Метео: Сончево со мала до умерена облачност и температура до 25. степени

Охрид, 14. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во планинските предели ќе има умерен развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Максималната температура во Охрид до 25. Степени.

– Утре ќе има зголемена облачност со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд, а од вторник и со локална појава на грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави