Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 18. степени
Охрид, 17. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и локален дожд, на места пороен и проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 18. степени.
– До четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Од петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |