Избор Струга Хроника

Кривична за крадец од Струга, сторител на три дела „тешка кражба“

Струга, 18. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, поднесе кривична пријава против 29-годишниот Т.Н. од Струга.

– Пријавениот, кривичните дела ги сторил на крајот на март и почетокот на април во автомобил, хотел и деловна просторија. Тој со употреба на сила влегувал во објектите и одзел пари, акумулатори и фискални апарати. На тој начин Т.Н. причинил материјална штета и се стекнал со противправна имотна корист од околу 34.000 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави