Охрид, 18. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот поет Пере Ристески за Издавачката куќа „ПНВ“ од Скопје деновиве ја објави неговата нова книга со хаику по поезија „Знаци на ветрот“.
– „Знаци на ветрот“ од Пере Ристески претставува збогатување на современата македонска книжевност со ретка објава од поинаков карактер од традиционалниот или глобалниот постмодернистички тренд. Вдишувањето на оваа книга во календарот на нашата книжевност претставува забележување со црвено на датумот на публикување како празник кој треба да се слави, вели за новото дело на Ристески Елена Пренџова.
Ристески има објавувано хаику поезија во бројни реномирани списанија ширум светот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27