април 18, 2018

Охрид, 18. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник, на 24-ти април ќе се одржи новото издание на шоуто „Filmovizija vol.2“ на учениците од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“.

– После долго време чекање Филмовизијата се враќа. Вратите на шоуто на годината ќе бидат отворени во 20:00 часот на 24-ти април, каде уште на влезот ќе ја осетите моќта на 80 амбициозни гимназијалци. Исто место, иста екипа, нови изведби. Продолжение на трилерот кој ве стави во неизвесност и кој повторно ќе ви ја наполни енергијата со духот на филмот. Преку овој хуманитарен настан им овозможуваме матурска екскурзија на другарите кои не се во можност да си ги дозволат тие неповратни животни спомени, порачуваат организаторите.

За забавата ќе биде задолжен „Бесниот бенд“, заедно со специјални гости. Влезниците ќе чинат 100 денари, а ќе можат да се купат во Гимназијата, или на влез на самиот ден на настанот.

– Ние не сме професионалци, ние сме ГИМНАЗИЈАЛЦИ, порачуваат младите хуманитарци.

Хуманитарната забава ќе се одржи на 24-ти април во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука