Избор Охрид

Со дефиле ќе биде одбележан Денот на планетата Земја

Охрид, 21. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во чест на Денот на планетата Земја, 22-ри април, а како дел од програмските активности, охридскиот Црвен крст преку волонтерите од програмата „Грижа за стари лица“ ќе организира дефиле со едукативен карактер, низ улиците на Охрид.

Целта е да се подигне свеста и да се сврти вниманието на јавноста кон бројните еколошки проблеми во светот и кај нас.

– Дефилето ќе се одржи утре од 11:00 часот од пред седиштето на Црвен крст – Охрид, а поворката ќе се движи по улица „Димитар Влахов“, „Македонски просветители“, плоштадот „Крушевска Република“ (кај Чинарот), и ќе заврши кај Градскиот плоштад каде најмладите ќе одржат модна ревија со модели изработени од пластични кеси и со пораки за заштита на животната средина од загадувањето што го предизвикува пластиката, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави