Економија Избор Охрид

Во Охрид ќе се одржи 19-та годишна конференција на Македонска берза

Охрид, 21. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид ќе биде домаќин на 19-та годишна конференција на Македонска берза.

Конференцијата е закажана за 4-ти мај.

На отворањето ќе се обрати главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, како и претставник од Комисија за хартии од вредност на Република Македонија. Ќе се обрати и министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Покрај домашни експерти, ќе присуствуваат и дебатираат претставници од Европската комисија, ОТП банка Хрватска, Erste Asset Management, Expat Capital, Бугарија и други.

Во рамки на конференцијата се предвидени две панел дискусии: „Макроекономски трендови – што да очекуваат економските субјекти и инвеститори“ и „Дали на регионалните пазари на капитал им треба развојна стратегија?“. Дел од панелистите ќе бидат гувернерот Димитар Богов, заменик министерот за економија Кире Наумов, потоа Трајко Славески и Фатмир Бесими.

На конференцијата ќе биде доделена наградата „Кристално ѕвоно” – за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2017 година, како и награди за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност за 2017 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави