Спорт

Арсен Венгер си заминува од Арсенал по 22 години

Лондон, 21. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најголемите фудбалски тренери Арсен Венгер објави дека го напушта Арсенал на крајот од сезоната.

Францускиот експерт ќе го напушти клубот по 22 години во кои дефинитивно ја промени сликата, но не само на Арсенал туку и на англискиот фудбал.

„По разговорите со клубот и долготрајни размислувања, одлучив дека е вистинско време за заминување по завршувањето на оваа сезона. Благодарен сум што имав прилика да му служам на клубот низ многуте незаборавни години“, изјави Арсен Венгер.

Во текот на 22-те години:

три пати беше прв во Премиер лигата
седум трофеи во ФА купот
три пати менаџер на годината
823 натпревари во првенство, најповеќе од сите тренери
сезона 2003/2004 титула без пораз

„Изненаден сум, тоа е негова одлука и мора да ја почитуваме. Направи големи работи и секако дека ќе го паметиме“, вели Јирген Клоп. (Крај)

извор: СпортМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука