Економија Избор

Вредна донација од „Жито Лукс“ за охридската Општа болница

Охрид, 23. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Четири здравствени установи во земјава добија донација од медицински апарати од „Жито Лукс“.

На детските оддели во Општата болница во Охрид, Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, Општата болница во Струмица и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле во Скопје, се доставени апаратите за лекување на белодробни заболувања кај децата.

Преку кампањата „Подарено од срце“ со секој купен леб на парчиња од „Жито Лукс“ се одвојуваа средства наменети за набавка на медицинската опрема која ќе помогне за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми.

– Евидентно е дека од година во година расте бројот на деца со респираторни проблеми. Поради зголемениот број пациенти, здравствените домови кои лекуваат деца со белодробни заболувања се соочуваат со недостиг на медицинска опрема неопходна за навремен и правилен третман. Во овој дел бизнис секторот може да одигра значајна улога и затоа, нашата компаниска општествена одговорност ja насочивме кон подобрување на условите за работа на здравствени установи кои ги лекуваат токму овие заболувања кај децата, вели Славица Кутаноска, од маркетинг секторот во „Жито Лукс“.

„Жито Лукс“ минатата година донираше опрема за две институции кои се грижат за здравјето на децата, а поврзано со респираторни проблеми и тоа за Клиниката за детски болести и за Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле во Скопје. (Крај)

извор: фактор.мк фото: фактор.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука