Охрид, 24. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Изминатиот викенд се одржаа неколку натпревари, на кои ученици од ОУ „Григор Прличев“ освоија високи успеси.
На државниот натпревар по географија кој се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, под менторство на професоротПетре Тасевски, Ивана Тренеска VII5 одделение освои втора награда, а со пофалници се вратија Катерина Недеска IX 5 и Крсте Колоски IX4 одделение.
Ученичката Јана Петреска IX3 одделение го освои првото место на регионалниот натпревар по македонски јазик, под менторство на професорката Лилјана Ставреска.
На регионалниот натпревар по англиски јазик кој се одржа во Струга, петтоодделенците Иван Буриќ и Ива Ашталкоска освоија прво, односно трето место, под менторство на професорката Елена Пендова. Виктор Попов, ученик во седмо одделение, освои прво место, под менторство на професорката Билјана Маркоска.
Катерина Балева освои второ место (ментор професор Кире Рибар), додека пак Илина Нестороска од IX одделение второ место (ментор професорката Верица Симоноска). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива