Зидан: Почнавме лошо, завршивме добро
Минхен, 26. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан остана исклучително задоволен од успехот со 2:1 над Баерн во Минхен, во првиот 1/2-финален натпревар од Лигата на Шампионите.
Така во пракса „кралевите“ се многу блиску да се квалификуваат за трет последователен пат финалето на турнирот на богатите, откако тимот успеа да го освои турнирот во неговите последни две изданија.
„Можеме да бидеме задоволни од овој резултат. На почетокот ни беше многу тешко и почнавме по најлошиот можен начин. Пред паузата екипата не играше на начинот на кој јас сакав, но ми се допадна многу претставувањето во второто полувреме“, објави тој на прес-конференцијата по натпреварот.
Баерн синоќа поведе со голот на Кимих,Марсело израмни при крајот на првото полувреме ,додека вториот гол за Реал го постигна Асенсио на стартот од вториот дел.
Реваншот на програмата е во вторник на 1-ви мај. (Крај)
извор: Стандард.мк фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |