Охрид, 26. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ана Филипче, ученичка во ОСУ„Св. Климент Охридски“ во Охрид го освои првото место на овогодинешниот државен натпревар по Народна техника кој се одржа на 21-ви овој месец во Струмица во категоријата биохемија.
Филипче ја освои наградата под менторство на професор Славица Кичеец, а се претстави со проектот „Трансплантација на органи“. Таа го освои првото место и златниот медал. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 167