Спорт

Жалгирис и Фенербахче се пласираа на завршниот турнир од Евролигата

Мадрид, 27. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Жалгирис и Фенербахче се првите патници на фајнал-форот од Евролигата откако синоќа ги елиминираа Олимпијакос односно Баскониа.

Жалгирис на завршницата од Евролигата во Белград ќе патува откако со 3-1 ја доби серијата со Олимпијакос, а синоќа  пред своите фанови стигна до победа од 101-91.

19 години откако го подигна првиот и единствениот трофеј во Европа, Жалгирис во полуфиналето во Белград ќе игра  против актуелниот шампион Фенербахче, кој своето учество на завршницата го потврди со победа од 83-92 на гостувањето кај Басконија (1-3).

Fener

Вечерва на програмата се дуелите Химки-ЦСКА Москва (1-2) и Реал Мадрид- Панатенаикос (2-1). (Крај)

извор: Охридпрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави