Економија Избор Охрид

Охрид солидно исполнет викендов, одлична најава за сезоната

Охрид, 29. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Последниот викенд од април, Охрид, најголемиот туристички центар во државата го пречека со солидна исполнетост со гости од земјата и странство.

Градот и денес  беше солидно исполнет со гости, од кои најбројни се гостите од Албанија, Косово и Грција, но не помал е бројот и на посетители од Турција и Јапонија. Терасите се полни со гости, а солидна беше и исполнетоста на рестораните и останатите угостителски објекти.

Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Индексот на УВ зрачење ќе има вредност 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 25. степени.

– Продолжува периодот на топло време, со слаб до умерен развој на нестабилна облачност и понекаде со краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во попладневните часови, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави