Економија Избор Струга

Министерот за економија на средба со претставници на ХОТАМ во Струга

Струга, 5. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за економија Крешник Бектеши денес ќе оствари работна средба во Струга.

На состанокот тој ќе се сретне со претставници на Асоцијацијата на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови ХОТАМ, со кои ќе разговара околу подготовките за туристичката сезона и за интересот на граѓаните за користење на мерката на Владата за подршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи, која е објавена од страна на Министерството за економија со рок за аплицирање до 31-ви мај годинава.

Состанокот ќе се одржи во хотелот „Дрим“, со почеток во 10:30 часот. (Крај)

извор: Strugaonline фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука