Избор Охрид

Матурската парада ќе се одржи на 18-ти мај

Охрид, 7. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Матурската парада годинава ќе се одржи на 18-ти мај.

Во тек се подготовките за настанот кој полека, но сигурно, прерасна во традиција. Матуранитите од сите охридски средни училишта ќе го изведат танцот “Квадрил” од Штраусовата опера “Лилјакот”.

И оваа година професоркарката Соња Думбаловска Делова се грижи се да изгледа онака како што доликува.

– Подготовките за матурската парада се во тек. Мора да ги интензивираме пробите со оглед на тоа што годинава почнавме малку покасно, но ќе се подтрудиме се да изгледа како што доликува, рече за Супер радио и OhridPress професорката  Думбаловска Делова.

Заедно со нашите матурани,во исто време ќе танцуваат и нивните врсници од неколку македонски градови, но и од градови во Европа.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа “Уршка” во Љубљана.

Танцот “Квадрил” матурантите го играат во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави