Охрид, 11. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридското училиште „Кочо Рацин“ од Охрид е дел од Глобален проект на тема иновации и одржливост на авторот Коен Тимерс, МИЕ Експерт кој е во 10-те најдобри учители во светот за 2017/2018 година – Global teacher Prize 10.
Проектот започна на 16-ти април и ќе трае до 16-ти мај оваа година. Во него учествуваат ученици од 6 континенти,460 училишта и 85 земји.
– Од Република Македонија учествуваа две Основни училишта: „Кочо Рацин“ – Охрид, под менторство на Виолета Петковска и ОУ „Крсте Петков Мисирков“ под менторство на Маја Виденовик. Учениците се фокусираа на темата, истражуваа, креираа, дискутираа, креираа видео или презентација која потоа ја споделуваа на веб-сајт. На овој начин учат на две нивоа и тоа од нивната училница и од нивните глобални врсници, информира наставникот Петковска.
Додава дека покрај основните познавања за тоа што е иновација, кои иновации го прават светот поиновативен и како се користат ИКТ алатки на иновативен начин, била остварена и Skype комуникација и заедничка SWAY презентација на учениците од „Кочо Рацин“ и ученици од Канада.
– Со најмладите од Канада под менторство на учителката Kimberly цела недела разменувавме информации и ресурси, секој во својата училница ги гледаше активностите од врсниците на другиот крај на светот, информира одделенскиот наставник Виолета Петковска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива