Охрид, 11. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ОУ „Григор Прличев“ постигнаа забележителен успех на големиот спортско-рекреативен настан „Жогарија-лоптарија“ кој за првпат се одржа во нашиот град, а на меѓународно ниво овие настани имаат тринаесетгодишна традиција.
– 160 ученици од осумте охридски основни училиште зедоа учество, а меѓу нив и учениците од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид. Нашите ученици се рангираа на II место под менторство на наставниците: Перо Георгиески, Фанче Наумоска и Даниела Тупанческа, информираат од ОУ „Григор Прличев“.
Додаваат дека самиот настан бил одлично организиран и дека биле одиграни голем број на фер-плеј натпревари.
– На настанот со музички точки настапија и нашите ученици, а нивниот настап ја воодушеви публиката и натпреварувачите, информираат од училиштето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива