Метео: Сончево со умерена облачност, услови за дожд и температура до 20. степени
Охрид, 12. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има повремен локален дожд и ретки грмежи.
УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 20. степени.
– Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет. Утре ќе биде нестабилно на повеќе места, информираат од УХМР. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |