Избор Охрид

Во Охрид денес облачно време со локален дожд и температура до 19. степени

Охрид, 15. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме.

УВ индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 19. степени.

– Денес времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме. За кратко време, претежно во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина воден талог (локално над 25 л/м2). Потоа во наредните три дена ќе биде претежно стабилно, освен во планинските региони каде ќе има краткотраен дожд со ретки грмежи, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави