Избор Охрид

Охридските матуранти подготвени за прослава

Охрид, 15. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Месецот мај по некое непишано правило е месец на матурантите. Од подготовки за главната вечер, прослава за заокружување на средното образование, па се до матурската парада.

Матурантите се веќе подготвени, свечените фустани, одела се обезбедени и возбудата се повеќе расте.

Во четврток, 17-ти мај матурата во хотелот „Белви“ ќе ја прослават учениците од средното општинско стручно училиште „Свети Кирил и Методиј“. Следниот ден, покрај одржувањето на матурската парада, ќе слават матурантите од ОУТУ „Ванчо Питошески“ и од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. 50-на матуранти од угостителското училиште ќе прославуваат во хотелот „Силекс“, додека средношколците од Електро машинскиот училишен центар во хотелот „Белведере“.

Матурантите од охридската гимназија и оваа година ја заобиколија класичната матурска прослава, па беа на екскурзија во Италија.

Покрај подготовките за матурантот, традиционално, нема да изостане ниту семејната прослава, во домашен амбиент или во некои од угостителските објекти. Па, дополнително, од домашниот буџет ќе треба да се издвојат средства и за оваа традиција, која не се напушта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука