Економија Охрид

Во март годинава зголемени цените на угостителските услуги

Охрид, 6. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Цените на угостителските услуги во март годинава, во споредба со февруари, бележи мало зголемување.

Според податоците на Државниот завод за статистика, споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна и алкохолни пијалаци.

Цените на угостителските услуги во март годинава, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени.

Од јануари до март оваа година, има константно зголемување на цените на угостителските услуги. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави