Избор Спорт

Охридските кик боксери со медали се вратија од Европскиот куп „Бихаќ Опен 2015“

Охрид, 6. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Македонските кик боксери постигнаа голем успех викендов на Европскиот куп „Бихаќ Опен 2015“, освојувајќи 15 медали од кои четири златни, пет сребрени и шест бронзени.

Меѓу нив беа и Арџент Узеири и Артан Алиу од охридскиот клуб „Голден Тим“. На овок куп учествуваа 473 натпреварувачи од 52 клуба и шест држави, Македонија, Хрватска, Словенија, Полска, Унгарија, Србија и домаќинот Босна и Херцеговина.

Златни одличја освоија:

1. Викторија Варадинова – 60 кг. лајт контакт постар кадет КБК „Гладијатор“ – Штип
2. Божидар Јанков – 57 кг. кик лајт постар кадет КБК „Гладијатор“ – Штип
3. Бобан Илиоски – 71 кг. лоу кик јуниор КБК „Шампион“ – Скопје
4. Александар Николовски – 91 кг. лоу кик јуниор КБК „Шампион“ – Скопје

Сребрени одличја освоија:

1. Елена Стојчевска – 65 кг. поинт фајт сениор КБК „АС“ – Делчево
2. Арџент Узеири – 79 кг. кик лајт сениор КБК „Голден Тим“ – Охрид
3. Михајло Костадиновски – 79 кг. лоу кик сениор КБК „Шампион“ – Скопје
4. Филип Ризов – 52 кг. кик лајт постар кадет КБК „Будо“ – Кавадарци
5. Филип Митревски – +91 кг. кик лајт сениор КБК „Гладијатор“ – Скопје

Бронзени одличја освоија:

1. Давид Димитровски – 47 кг. поинт фајт помлад кадет КБК „АС“ – Делчево
2. Артан Алиу – 60 кг. кик лајт постар кадет КБК „Голден Тим“ – Охрид
3. Роберт Костовски – 63 кг. кик лајт јуниор КБК „Гладијатор“ – Неготино
4. Виктор Дуковски – 63 кг. кик лајт сениор КБК „Фајт Тим“ – Скопје
5. Мартин Ташев – 63 кг.кик лајт јуниор КБК „Будо“ – Кавадарци
6. Ѓоше Ѓошов – 42 кг. лајт контакт постар кадет КБК „Гладијатор“ – Штип. (Крај)

извор: Сител фото: Сител

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука