Забава Избор

„Кадмо“ ќе привлекува посетители со новиот простор, продолжуваат дневните забави со Супер радио (Фото)

Охрид, 6. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во саботата имаше свечено отворање на реновираниот „Кадмо Бар“ со голема забава во живо на Супер радио.

Од „Кадмо“ и Супер радио најавуваат дека цела сезона ќе продолжат дневните забави во живо, во стандардниот термин од 13:00 до 14:00 часот, со водителката Александра Алексијоска и дј тимот – ДЈ Јане и ДЈ Реџи Рулс.

Преносот ќе може да се слуша и понатаму на фрекфенцијата на Супер радио на 97 Mhz на FM скалата или на интернет на www.superradio.com.mk.

Што се однесува до реновираниот простор, „Кадмо бар“ доби атмосфера на удобен домашен амбиент, со интересни дизајн – решенија на поголем дел од просторот. Уреден е и делот кај дј пултот, кој е попристапен за артистите кои во иднина ќе настапуваат.

Продолжува со работа и „Кадмо Лаунџ“ барот, а за Велигденските празници ќе има забава и свирки во живо и во Кадмо плажа. Музичката програма во „Кадмо“ за празниците можете да ја најдете тука.

На фотографиите е доловена дел од атмосферата и новиот амбиент во „Кадмо бар“.

kadmo2

kadmo3

janekadmo4

kadmo5

kadmo6

извор: ОхридПрес фото: Супер радио

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука