Избор Охрид

Свечена академија по повод патрониот празник на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“

Охрид, 22. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва ќе се одржи свечена академија по повод патрониот празник на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид.

Покрај поздравниот говор на директорката Славица Костоска, во рамките на програмата ќе биде изведен рецитал подготвен од Активот по македонски јазик, музички точки и Актуелна тема: Масовна комуникација подготвена од Активот по општествена група предмети. Во рамките на академијата ќе настапи и КУД „Отекс“ од Охрид.

Чествувањето ќе започне во 18:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави