Избор Охрид

Променливо време во Охрид до крајот на неделава

Охрид, 7. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Времето во Охрид денес ќе биде облачно со услови за врнежи од дожд.

Врнежи од снег ќе има на планинските превои.

Врнежите ќе бидат проследени со засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 40 км/ч.

Утре во утринските часови врнежите ќе престануваат и во текот на денот ќе биде умерено облачно со услови за сончеви периоди и пораст на температурите.

До крајот на неделата температурите ќе растат и во петок ќе достигнат до 16 степени. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука