Избор Струга

Утре отворена средба за граѓаните на Струга за комунални прашања

Струга, 7. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Утре 8-ми април Центарот на заедницата на општина Струга ќе организира отворена средба за граѓаните.

На средбата граѓаните ќе се сретнат со претставници на комисија за јавни и комунални дејности и заштита на животната средина и инспекторите за јавни и комунални дејности и животна средина при Општина Струга.

Граѓаните ќе можат да се информираат и да поставуваат прашања од областа на јавни и комунални дејности: екологија, одржување на јавна чистота, селектирање собирање транспортирање и обработка на комунален отпад, одржување на депонија, отпадни води, канализациска мрежа, одржување на паркови, оддржување на јавно осветлување, згрижување на кучињата скитници и слично.

Средбата ќе биде со почеток во 12:00 часот, во Центарот на заедницата на Општина Струга (во зградата на Народна одбрана). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука