Економија Избор Македонија

Нови цени на бензините и дизелот, од полноќ поскапи за два денари

Охрид/Скопје, 28. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од ноќеска на полноќ ново поскапување на бензините и дизелот.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика граѓаните од утре ќе возат по највисока цена на горивата годинава. Бензините и дизелот поскапуваат за два денари.

Еуросупер БС 95 од полноќ ќе се точи по 73,50 денари за литар, додека пак Еуросупер БС 98 ќе се продава по 75,50 денари.

И дизелот поскапува за 2 денари, па од полноќ ќе биде 65 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 54 денари, додека пак мазутот 34,534 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави