Економија Избор Охрид

Охрид останува со негативен природен прираст, повеќе умрени отколку новородени лица

Охрид, 29. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е меѓу 45-те градови во државата каде е регистриран негативен природен прираст во првото тримесечје од 2018 година.

Државниот завод за статистика објави дека бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 1,6 % и изнесува 5.255 живородени деца.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2018 година бележи намалување од 11,4 % во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 5.432 лицa, а од нив 22 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува -177, што значи за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. (Крај)

извор: емагазин фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука