Економија Избор

„Летен базар“ во спортската сала при ОСУ „Св. Климент Охридски“

Охрид, 29. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во охридската Гимназија утре ќе се одржи „Летен базар“ на кој охриѓани ќе можат бесплатно да добијат дел од облеката и обувките кои неодамна пристигнаа во Охрид во рамките на германската донација за Охрид од здружението на моторџии „Бајкер Блуми Хилфе“.

– Донацијата се реализираше на почетокот на мај, а покрај медицинска опрема содржеше и квалитетна облека и обувки. Во организација на Црвен крст од Охрид, а со поддршка на охридската Гимназија, утре, среда 30-ти мај, во спортската сала при ОСУ „Св. Климент Охридски“ ќе се реализира „Летен базар“ на облека. Во периодот од 10:00 до 16:00 часот волонтерите на Црвен крст од Охрид ќе се погрижат квалитетните германски производи да бидат изложени и бесплатно достапни на сите посетители кои имаат потреба од истите, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави