Охрид, 31. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Учениците и вработените од ОУ „Григор Прличев“ редовно се вклучуваат во хуманитарните акции кои се организираат со цел за собирање на парични средства, како и на други материјални добра.
– Група ученици од нашето училиште самоиницијативно се издвоија и покажаа дека хуманото постои во нас. Под мотото „Помогнете да се спаси еден невин детски живот“, учениците од V3 одделение се вклучија во акцијата за помош на охриѓанката Ева, со тоа што во текот на последните два дена во попладневните часови успеаја да соберат и да донираат 21.500 денари. Оваа акција се уште трае, нека овие ученици ни бидат пример како треба да се помогне. Благодарност за овој нивни гест, информираат од ОУ „Григор Прличев“.
Од училиштето додаваат дека во текот на денот, дополнително се собрани уште 16.000 денари.
– Оваа акција трае и во неа со голем ентузијазам се вклучении останатите ученици и вработени во ОУ „Григор Прличев“. Во вакви животни ситуации се градат позитивните личности, се гради карактерот кај младите зашто училиштето не е само образовна институција, воспитниот елемент е многу позначаен, потенцираат од училиштето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива