Избор Култура

Охридска промоција на првата „Македонска рок енциклопедија“

Охрид, 2. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи охридската промоција на првата „Македонска рок енциклопедија (1963-2018) “ на музичкиот новинар кој со години е буден и посветен набљудувач, афирматор, критичар и активен учесник во македонската рок култура, Тошо Филиповски.

Во првиот том на енциклопедијата се опфатени 333 македонски музчки состави од различни жанрови (рок, џез, блуз, електронска музика, хип хоп, ворлд мјузик, поп-рок, панк, хеви метал, реге, ска…), околу 2.500 спомнати музичари, повеќе од 400 фотографии. Биографиите се хронолошки приказ на снимки, изданија и концерти, со прецизно забележување на сите достапни информации за еден бенд.

Почетокот на промоцијата е во 18:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави