Избор Култура Охрид

Две претстави во рамките на третиот ден од фестивалот „Вдиши театар“

Охрид, 16. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со поучната приказна за алкохолизмот и последиците од него, младите актери на Црвен крст од Бар, Црна Гора се претставија на третиот ден од овогодинешниот театарски фестивал „Вдиши театар“.

На сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, тие синоќа од 19:00 часот ја изведоа претставата „Црвена сфера на плава лагуна“ со која на оригинален и сликовит начин ги прикажаа проблемите на едно семесјтво во кое таткото е алкохоличар. На третиот ден од „Вдиши театар“ свој настап имаше и театарската група на Црвен крст од Битола, која во терминот од 21 часот ја изведе претставата „Аферите на Џон“. На многу креативен начин младите талентирани актери го прикажаа проблемите со кои се соочува главниот лик Џон, заради „двојниот“ живот кој го води и комичните ситуации со кои се обидува да ги реши проблемите.

На четвртиот и последен ден од овогодинешниот театарски фестивал „Вдиши театар“, вечерва ќе настапат театарските групи на Црвен крст Ужице и Црвен крст Крагуевац кои вечерва во термините од 19:00 и 21:00 часот ќе настапат на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со претставите „Сузе и солзи“ и „Луѓе во црно“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави