Избор Охрид

Утре започнува летото

Охрид, 20. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Летото во Република Македонија и на северната хемисфера календарски започнува утре, во исто време кога на јужната полутопка на Земјата ќе настапи зимата.

Во Македонија летото почнува во 12:07 часот. Овој 172 ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето ќе изгрее во 04:58 часот, а ќе зајде во 20:12 часот.

На првиот ден од летото, според најавите од синоптичарите, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Веќе од петок се очекува поизразена нестабилност со поројни дождови и посвежо време.

Летото ќе трае 93 дена, а ќе заврши на 22 септември, кога календарски ќе започне есента. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука