Спорт

Руска лекција за Салах и Египет, победи на Сенегал и Јапонија

Санкт Петербург, 20. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Русија e на чекор до пласман во осминафиналето на домашното Светско првенство, откако со 3-1 го совладаа Египет со Мо Салах во тимот покажувајќи дека 5-0 победата над Саудиска Арабија не била случајност.

Русите на стартот на шампионатот немаа многу голема доверба во својата репрезентација, со една желба да се помине во втората фаза, а по победата над Египет, останува уште пресметката со Уругвај, која ќе биде најсериозниот тест за тимот на Станислав Черчесов.

Египет несреќно загубија од Уругвај во првиот меч на Мундијалот без Салах во тимот, така што очекувањата беа големи на „Крестовски“ во Санкт Петербург, а во првото полувреме двата тима немаа многу шанси и резултаттот беше 0:0. Зборнајата во вториот дел го матира Египет за 15-на минути кога веќе водеше 3-0, а почесниот гол за фараоните го постигна Салах од пенал.

Претходно Сенегал ја победи Полска со со 2-1 a со идентичен резултат и Јапонија ја совлада Шведска.

Денеска на програмата се дуелите: Португалија-Мароко, Уругвај-Саудиска Арабија и Шпанија-Иран. (Крај)

извор: Макфакс/ТА фото: Б92

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука