Спорт

Арсенал се збогуваше со Вилшир

Лондон, 20. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Арсенал синоќа потврди дека ќе го ангажира голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено, а клубот го напушта Џек Вилшир.

Англискиот репрезентативец кој што не беше повикан од селексторот Саутгејт на Мундијалот во Русија, од вчера и официјално не е повеќе фудбалер на лондонски Арсенал.

Џек Вилшир се приклучил на фудбалската академија на Арсенал кога имал само девет години, а во клубот мина дури 17. Дебитираше во септември 2008-ма година на своја 16 годишна возраст против Блекбурн, а кога заигра два месеци подоцна против Динамо Киев, стана најмладиот играч кој до тој момент има заиграно на европски натпревар.

Фудбалерот за врска во дресот на Арсенал одигра на 197 натпревари, освои две титули во ФА Купот, а од лондонскиот клуб синоќа му се заблагодарија за се и му посакаа многу среќа во понатамошната кариера. (Крај)

извор: Точка фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука