Избор Култура

Солистички пијано – рецитал на охриѓанката Ивона Базгалоска

Охрид, 20. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанката Ивона Базгалоска во петок, 22-ри јуни,  ќе одржи солистички концерт-пијано рецитал во рамки на концертните активности под водство на проф. д-р Нина Костова Јаневска и под менторство на врвните руски педагози проф. Борис Романов и проф. Људмила Романова.

Базгалоска е ученичка во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј”, а Нејзиното патување низ уметноста го започнува на пет годишна возраст. Првата етапа од музичко образование го завршува во основното музичко училиште ОМУ „Методи Патче“ во Охрид, во класата на професорот Даниел Чуркоски, каде се закитува со титулата првенец на генерација.

Редовно настапува на концерти, учествува на меѓународни и државни натпревари, семинари. Нејзиното натпреварувачко искуство бележи седум специјални први награди и бројни триумфи на државно и меѓународно ниво, а особен печат оставија натпреварите во Италија, Србија, Лондон и Њујорк. Има одржано два солистички концерти во Охрид и во Скопје. Исто така има два пати настапено како солист во придружба на Македонската филхармонија, во 2015 година под диригентската палка на маестро Борјан Цанев и во 2017 под палката на маестро Ле Фи Фи.

Солистичкиот концерт на Ивона Базгалоска, кој е поддржан од општина Охрид и други помагатели, ќе се одржи во катедралната црква „Св.Софија“ со почеток во 19: 00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука